Добродојдовте

Добродојдовте

објавено во: Блог | 1

Добродојдовте на Централа, сајтот кој е замислен како централна појдовна точка кога користите Интернет.

Идејата за „Централа“ иницијално е добиена пред околу две децении, кога беше замислена како локална веб страна која би го забрзала и олеснила отворањето на други веб страни на Итнернет. Целта во тоа време беше едноставна, скратување на потрошеното време на Интернет, во време кога врските беа многу посопори (околу 300 до 500 пати поспори во однос на брзината на просечна денешна врска), а користењето на Интернет се наплаќаше по минута (2 денари за 1 минута). Страната беше наједноставен список на линкови кои само треба да се кликнат.

Локалното користење набрзо стана непотребно поради појавувањето на новите технологии со кои се доби постојан пристап до Интернет, врската веќе стана перманентна 24/7 и немаше веќе тарифирање по време.

Во 2011-та идејата повторно се појави. Иако сега нема тарифирање на време, секој сака побрзо да стигне каде што тргнал. Денешниот живот е трка и никогаш не е на одмет нешто да се заврши побрзо и полесно. Ако ова го споиме со развојот на мобилните телефони и се сетиме дека откако ги користиме нив, заборавивме како изгледаше тоа да памтиме телефонски броеви или да водиме тетратка со телефонски броеви, добиваме слика за тоа што би требало да претставува овој проект.

Проектот се прероди под името Web Desktop, кој иницијално доби 6 мали икончиња во централниот дел и табела со мал број линкови под нив. Многу набрзо имаше позитивен фидбек од моите пријатели, па сајтот еволуираше, го доби менито на горниот дел, слично како сервисите на Google, а доби и директна форма за пребарување со Google. Пред неколку години со појавувањето на Windows 8, модерен (но и многу практичен) момент во дизајнот станаа големите рамни копчиња. Web Desktop за прв пат доби верзија 2.0 (и воопшто почна да се верзионира), копчињата драстично пораснаа и почнаа да даваат визуелен фидбек кога се избрани, а сајтот во целост доби респонсивен дизајн, со што стана практичен за користење на таблет компјутери и мобилни телефони. Во оваа верзија се посвети сериозно внимание и на оптимизацијата, со цел брзо отворање на сајтот.

Конечно, денес се појавува третата ре-инкарнација на Web Desktop. Името делуваше малку комплицирано, па сега одлучивме едноставно да ја нарекуваме – Централа. Сајтот ги користи сите модерни технологии на денешнината (SSL, CDN, кеширање…), а сега добива и свој блог.

Овде ќе можете да прочитате едноставни совети. Најпрво ќе образложиме зошто и како се користат некои од сајтовите на кои ве поврзува Централа, а потоа ќе дискутираме за совети и трикови за поедноставно секојдневно користење на компјутерот. Во оваа верзија додадено е и „сервисно“ мени. Тоа е мени од кое ќе можете да тестирате некои компоненти на вашиот компјутер (веб камера, звук, микрофон), брзината на вашата Интернет врска, но ќе има и препораки за различен практичен софтвер (програми кои е многу веројатно дека ви требаат).

Секогаш е добредојдено вашето мислење, па чувствувајте се слободни да напишете некој ред со критика, предлог или пофалба. Целта на сајтот е да биде практичен за сите.

Вашите лајкови и заследувања нѝ се важни!

Еден одговор

  1. […] Следува помошното мени кое се појави во првата верзија на Централа (претходно името на Централа беше – Web Desktop, а ако сакате да прочитате повеќе за историјата на Централа, повелете на овој линк). […]