Како да се справите со вирусите на Facebook

објавено во: Блог | 0

Вирусите на Facebook не се ништо ново. Всушност, додека ја пишувам статијава, циркулира еден вирус, кој од име на ваш пријател ви испраќа порака со линк (божем до видео). Еве како изгледа:

Ако добиете ваква порака, не ја отворајте!

Секако, има повеќе начини на кои можете да го инфицирате вашиот ФБ профил со вирус, но има и едноставни правила на кои ако внимавате, тоа нема никогаш да ви се случи, или би се случило многу ретко.

Не кликајте на линкови кои ви ги праќа пријател со кој претходно не сте се договориле дека ќе ви испрати линк. Вирусите обично пробуваат да ве прелажат со тврдења дека линкот ќе ве однеси на некоја интересна содржина, слики или видео од сексуална содржина или голотија е најчест пример, но може да биде било каква содржина која привлекува внимание и силно искушува да го кликните линкот, како на пример „Провери кој ти го гледа профилот“. Освен преку приватна порака, поретко, но можно е линкот да се наоѓа и во стандардна објава од пријател, група или Facebook страна.

ВАЖНО: Доколку било кој линк кој сте го кликнале додека сте најавени на Facebook од вас побара да го внесете вашето корисничко име (или email адреса) и лозинка, колку и да сте сигурни дека тоа е Facebook никако немојте да ги внесете тие податоци. Никогаш нема од вас да биде побарано да ја внесете вашата лозинка за да ви се одобри одредена содржина на Facebook! Facebook никогаш нема да побара од вас лозинка, освен кога првично се најавувате или доколку сакате да ја смените лозинката или правите сериозни промени во безбедностната конфугурација на вашиот профил.

Но, што да се прави доколку ете, сте инфицирале вирус на вашиот профил?

(инструкциите се однесуваат на користење на ФБ од IBM или Apple персонален компјутер со инсталиран било кој стандарден Интернет прелистувач)

Следете ги следниве едноставни чекори:

  1. Кликнете на малечката стрелка надолу која се наоѓа најдесно во горната сина лента кога сте најавени на Facebook
  2. Се отвора мени. Изберете Settings (конфигурирање / подесување).

3. Се отвора нова страна, во која можете да го конфигурирате вашиот Facebook профил. Од изборникот на левата страна од екранот изберете Apps (Апликации).

4. После ова, на десната страна се појавуваат сите апликации на кои сте им одобриле да користат податоци од вашиот профил или да се однесуваат како тоа да сте вие. Отстрантете ги сите кои не ви се познати или едноставно ви се сомнителни.

Слободно избришете ја секоја апликација за која што не сте сигурни што прави. Доколку ви е потребна, штом ќе пробате да ја користите, истата повторно ќе побара одобрување од вас и притоа можете одново да ја одобрите.

Овој начин функционира во речиси сите случаи, но доколку не сте успеале да го отстраните вирусот, тимот на ФБ автоматски ќе го отстрани најчесто во рок од неколку дена (потребен им е подолг период бидејќи се работи за база од околу 2 милијарди корисници, распространета на голем број сервери низ светот).

Не заборавајте да ја споделите оваа статија со вашите пријатели. Споделувајќи го знаењето, ќе придонесете поретко да се шират вируси преку Facebook. За да споделите, кликнете на копчето Share (Сподели) под овој текст, или застанете на кружната ФБ иконка лево од текстов и изберете Share (Сподели) од облачето кое ќе се појави.

Вашите лајкови и заследувања нѝ се важни!