Користите CCleaner? Можеби сте во опасност!

Користите CCleaner? Можеби сте во опасност!

објавено во: Блог | 0

Неодамна, хакери успеале да вметнат малициозен код во CCleaner и 32-битната верзија 5.33 била објавена со тој код, а е дистрибуирана во периодот од 15 август со 12 септември. Пропустот е откриен од безбедностната компанија Cisco Talos.

Кодот им овозможува на натрапниците да инсталираат софтвер на вашиот компјутер, како и да добијат неколку основни податоци за самиот компјутер, како името на компјутерот, IP и MAC адреса, листа на инсталиран софтвер и слично.

Првично било препорачано едноставно да се надгради верзијата на CCleaner на 3.34, но по подоцнежните истражувања препораката е променета во – ре-форматирајте го хард-дискот доколку сте ја имале инсталирано оваа верзија.

Иако се проценува дека се инфицирани околу 2,27 милиони компјутери, нападот веројатно таргетирал само 20-ина компании. Анализата покажува дека нападот би се одвивал во 3 фази, од кои првите две се веќе поминати, но третата сеуште не се знае што има за цел и како точно ќе се манифестира.

Повеќе детали можете да прочитате на IT.mk: Хакери го искористија CCleaner да заразат милиони корисници и Хакирањето на CCleaner е поголем проблем отколку што изгледаше на почетокот.

Вашите лајкови и заследувања нѝ се важни!