Направете го Google Chrome како нов и тоа за само 1 минута!

објавено во: Блог | 0
*надградено (10.06.2017) поради новостите во Settings интерфејсот Google Chrome 59+

Дали ви се случува кога во Google Chrome кликнете на некој линк, да ви отвора повеќе странички истовремено? Често, ниту една од нив не е всушност линкот кој сте го кликнале. Неколку пати имам добиено пријава дека „има вирус“ на мојата почетна страна – Централа [Web Desktop] поради оваа причина. Но, вистината е дека всушност пребарувачот има инсталиран додаток кој го прави тоа. Таквото однесување на додаток на Google Chrome всушност е забрането и тој додаток треба да се пријави, но за тоа подоцна.

Друга работа која можеби се случува на вашиот Google Chrome е изместена почетна страна. Тоа е ситуација кога вие не сте наместиле/промениле почетна страна, но Chrome отвора некоја страна која прв пат ја гледате и не сакате да биде ваша почетна страна (што е нормално, бидејќи сакате да почнувате со „Централа“, нели 🙂 ).

Други проблеми на кои можам да се сетам во моментов се, појавување на реклами на речиси секој веб сајт кој го отворате, кои всушност не се реклами кои ги дистрибуира тој веб сајт, како и неможност да го отворите делот за контрола на додатоците (Extensions) на Google Chrome (чест проблем во последно време).

Дури и ако го избришите/де-инсталирате Crome и одново го инсталирате, овие проблеми продолжуваат. Можеби мислите дека ќе треба да го ре-инсталирате целосно оперативниот систем на вашиот компјутер? Дали ќе ви треба помош од стручно лице? Воопшто не.

Можеби нема да верувате, но можете да ги поправите сите овие проблеми сами – и тоа за само една минута!

 

Решението е многу лесно:

  • Кликнете на копчето за конфигурирање и контрола на Google Chrome – (копче во горниот десен агол, веднаш под копчето за исклучување на прозорецот – означено е со вертикално поставени три точки)
  • Изберете Settings (се отвора страна за конфигурирање)
  • Одете најдолу на страната и кликнете на линкот Advanced (во постарите верзии на Chrome – Show advanced settings…)
  • Повторно одете најдолу на страната. Таму има сегмент Reset (копче Reset Settings во постарите верзии на Chrome) – кликнете го.
  • Ќе се појави дијалог кој ве информира што точно ќе се случи. Потврдете со кликнување на копчето Reset.

Готово, проблемот е решен!

Ви звучи комплицирано? Еве видео кое го објаснува целиот процес (првото видео е за актуелните, додека второто е за постарите верзии на Google Chrome).

 

Останува уште (ако сакате, ама знам дека сакате) да си ја наместите „Централа“ како ваша почетна страна. Тоа е исто така процес кој одзема помалку од минута и објанет е на овој линк, или ако сте љубител на видео инструкции, повелете видео

 

Пожелно е, но не и обврзно, откако ќе ја направите претходната постапка, да ги ибришите сите додатоци на Google Chrome кои ви се непознати и не ги користите. За таа цел, aко користите нова верзија (59+) на Google Chrome:

  • Кликнете на копчето за конфигурирање и контрола на Google Chrome – (копче во горниот десен агол, веднаш под копчето за исклучување на прозорецот – означено е со вертикално поставени три точки)
  • изберете More Tools > Extensions

Ако користите постара верзија на Google Chrome:

  • Кликнете на копчето за конфигурирање и контрола на Google Chrome – (копче во горниот десен агол, веднаш под копчето за исклучување на прозорецот – означено е со вертикално поставени три точки)
  • Изберете Settings
  • Од левата страна на страничката Settings, кликнете Extensions.

Ќе добиете список на сите додатоци кои се инсталирани на вашиот Google Chrome. Сите ќе бидат исклучени (сиви) поради претходно направеното враќање на „фабричка конфигурација“. Вклучете ги со штиклирање на Enable оние додатоци кои ви се познати и потребни (еден од нив често е додаток од вашата анти-вирус програма). Останатите отстранете ги со кликнување на копчето  (канта за ѓубре). По кликнување на копчето секогаш добивате дијалог на кој треба да потврдите дека навистина сакате да го отстраните додатокот, со кликнување на копчето Remove. Доколку за некој од додатоците се сомневате дека го направил проблемот кој сте го имале со Google Chrome, пред да потврдите отстранување со Remove, штиклирајте Report abuse со што ќе го пријавите тој додаток на тимот на Google за истиот да биде проверен од нивна страна.

Не заборавајте да ја споделите оваа статија со вашите пријатели. Знаењето е важно да се споделува 😉

 

Вашите лајкови и заследувања нѝ се важни!