Централа е замислен како почетен сајт за вашиот пребарувач. Во продолжение Можете да најдете инструкции за местење на Централа како ваша почетна страна на:

Креирање брза врска (кратенка / shortcut) на работната површина


Почни со Централа на Google Chrome

  • Отворете ја почетната страна на Централа (https://centrala.spirkoski.info)
  • Кликнете го копчето со опции (десно-горе во вашиот пребарувач) и изберете ја опцијата Settings
  • Изберете (маркирајте) ја опцијата Open a specific page or set of pages и кликнете на линкот Set Pages кој се наоѓа веднаш до опцијата
  • Кликнете на копчето Use current pages, а потоа на копчето Ok.

Доколку сакате да додадете и копче со домашна страна (препорачано):

  • Одбележете (штиклирајте) ја опцијата Show Home button
  • Кликнете на линкот Change кој ќе се појави веднаш под опцијата која ја одбележавте
  • Изберете Open this page и во полето внесете ја адресата https://centrala.spirkoski.info
  • Кликнете на копчето Ok

Затворете ја страничката Settings.


Почни со Централа на Mozilla Firefox

  • Отворете ја почетната страна на Централа (https://centrala.spirkoski.info)
  • Кликнете (задржете) на иконката пред адресата (знакот “i” и катанче), повлечете до копчето Home (куќарка) и тука отпуштете го кликот
  • Кликнете Yes на дијалогот кој ќе се отвори

 

Друг начин за да ја наместите почетната страна на Mozilla Firefox е следниот:

  • Отворете ја почетната страна на Централа (https://centrala.spirkoski.info)
  • Кликнете на копчето со мени (горе-десно во вашиот пребарувач) и изберете Options
  • Кликнете на копчето Use Current Page

Затворете ја страничката Settings.


 

Почни со Централа на Opera

  • Отворете ја почетната страна на Централа (https://centrala.spirkoski.info)
  • Кликнете на менито (Menu – горе-лево во вашиот пребарувач) и изберете ја опцијата Settings
  • Изберете ја опцијата Open a specific page or set of pages, а потоа кликнете на соседниот линк Set pages
  • Кликнете на копчето Use current pages, а потоа на копчето Ok

Затворете ја страничката Settings.


 

Почни со Централа на Internet Explorer (в. 11)

  • Отворете ја почетната страна на Централа (https://centrala.spirkoski.info)
  • Кликнете на копчето Tools (со иконка со запчаник – горе-десно во вашиот пребарувач) и од менито изберете Internet Options
  • Кликнете на копчето Use current (ако го нема ова копче, осигурајте се дека горе во прозорчето е избрана страничката General).
  • Кликнете на копчето Apply, а потоа на Ok.

 

Почни со Централа на Edge

  • Кликнете на копчето More (иконка со три точки, горе-десно во вашиот пребарувач) и изберете Settings од менито
  • Во делот Open Microsoft Edge with изберете A specific page or pages
  • Во полето Enter a URL внесете ја адресата на Централа – centrala.spirkoski.info
  • Притиснете Enter или кликнете на копчето Save (иконка со дискета веднаш десно од полето)

Доколку сакате да додадете и копче со домашна страна (препорачано):

  • Одете најдолу на менито и кликнете на копчето View advanced settings
  • Можноста Show the home button променете ја на состојба On
  • Изберете A specific page и во полето Enter a URL внесете ја адресата на Централа – centrala.spirkoski.info
  • Зачувајте ги промените со притискање на Enter или кликнете на копчето Save (иконка со дискета веднаш десно од полето)

Менито се затвора со клик настрана од него.


 

Креирање на брза врска (кратенка / shortcut) на работната површина

  • Отворете ја почетната страна на Централа (https://centrala.spirkoski.info) со вашиот омилен Интернет пребарувач
  • Доколку е потребно, намалете го прозорецот на Интернет пребарувачот и поместете го, со цел да има доволно видлив дел од работната површина, каде би се сместила брзата врска
  • Кликнете (задржете) на иконката пред адресата на Централа и повлечете ја кон работната површина. На саканото место врз работната површина, отпуштете го кликот.
  • Вратете го вашиот пребарувач на саканата позиција и зголемете го преку целиот екран (според желба).

Вака направената брза врска ќе го отвора сајтот Централа со главниот пребарувач на вашиот компјутер.

 


 

Недостига вашиот омилен пребарувач? Пишете нѝ и ќе се потрудиме да ви излеземе во пресрет.

*ве молиме имајте во предвид: нема да изработиме туторијали за застарени пребарувачи или постари верзии од истите.