360 Total Security – Бесплатно Анти-вирус решение. Брз и лесен за самиот компјутер (одлично работи и на постари компјутери). Овозможува брза проверка, детална проверка, проверка при пристап, додатоци на интернет пребарувачи, заклучување на главен интернет пребарувач / почетна страна и пребарувачка машина. Дополнително овозможува чистење на непотребни датотеки, оптимизација на работата на оперативниот систем, како и проверка на безбедност на вашиот рутер. Компатибилен со Windows 10 / 8.1 / 8 / 7 / Vista / XP
Официјален веб сајт | Директен линк за превземање



Glary Utilities – Бесплатна збирка алатки за одржување на чист и брз систем. Чисти и поправа грешки во регистрите, брзи патеки (Shortcuts), привремени и непотребни датотеки, исклучува непотревни апликации кои автоматски се стартуваат со системот. Овозможува одржување со 1 клик. Содржи алатки за безбедно бришење на датотеки, враќање на ненамерно избришани датотеки, дефрагментирање и оптимизирање на податоците на хард дискот и регистрите итн.
Официјален веб сајт | Директен линк за превземање



7-zip – Бесплатна и моќна алтернатива на WinRAR и WinZip. Овозможува распакување на податоци од сите формати кои се поддржани од WinRAR и WinZIP, како и од форматот 7z. Овозможува пакување на податоци без загуби во неколку основни формати како и во својот формат – 7z. Пакувањето во форматот 7z овозможува подобро ниво на компресија дури и од имресивните RAR и ACE. Работи брзо, бесплатен е, напреден и моќен.
Официјален веб сајт | Директен линк за превземање на 32-битна верзија (x86) и 64-битна верзија (x64)


…оваа листа постојано ќе се надградува. Не заборавајте повремено да проверите за новости.

 

*На оваа листа се ставаат исклучиво апликации кои претходно се проверени и докажани како практични и ефикасни при секојдневно користење.