Што можете со „Централа“

Што можете со „Централа“

објавено во: Блог | 0

Уште од самиот почеток, идејата беше „Централа“ да биде почетна точка од која брзо и едноставно ќе може да се отворат најчесто отворани веб сајтови на Интернет. Но, се разбира дека мора во предвид да се земе и практичноста.

Овде, во кратки црти ќе направиме преглед на целата почетна (предна) страна на Централа.

Најгоре се наоѓа главното мени. Еве во кратки црти што нуди тоа:

  1. Портали – список на Македонски портали кои нудат забавни, но и практични содржини. Тука исто така се наоѓаат и локални портали.
  2. Вести – список на информативни портали, како и веб портали на некои популарни Македонски весници
  3. Бизнис – ако сте бизнисмен, сопственик на фирма, претприемач, сакате да почнете свој бизнис или едноставно ве интересираат бизнис новости, овој дел од менито содржи избор на соодветни портали.
  4. Видео – Список на видео портали. Тука посебно би го напомнале сајтот „Колибка“ кој е Бугарски веб сајт што овозможува превземање на целосни документарни филмови на најразлични теми.
  5. Радио и ТВ – овозможува гледање ТВ и слушање радио во живо – во овој дел, менито Ве поврзува со три сајтови кои овозможуваат слушање на Македонски радио станици во живо, како и со додатни три кои овозможуваат слушање на странски радио станици.
    Исто така, тука има врска и до три сајтови кои овозможуваат гледање на Македонски ТВ канали во живо, како и уште два други, кои овозможуваат гледање на странски ТВ канали.
  6. Резултати – список на сајтови кои нудат резултати во живо. Доколку сте љубител на кладилници, важите важни линкови се тука. Со среќа 😉
  7. Torrent – список на неколку најпопуларни сајтови кои овозможуваат превземање на содржини (софтвер, филмови, музика итн.) преку Интернет. Внимавајте, поголем дел од содржините кои ги нудат Торент сајтовите се пиратски (нелегални), а во некои случаи можно е заедно со тоа што го превземате од таму, да превземете и вирус. (немој после да речите дека не било ова напомнато 😉 )
  8. е-Огласи – список на македонски веб сајтови кои содржат огласи. Тука можете (најчесто бесплатно) сешто да побарате или да понудите. Овде би го нагласиле порталот „Моја Гардероба“ како посебно интересен за женската публика.
  9. WebApp – еден од најпрактичните, но и најмалку користените делови на Централа. Тука има неколку многу практични веб апликации. Веб Апликации се практично програми кои не се инсталирани во вашиот компјутер, но можете да ги користите како такви во вашиот веб пребарувач, без да ги инсталирате.
    -Во делот Канцеларија (Office)… има три различни канцелариски пакети кои содржат софтвер за обработка на текст (како на пример Word), табеларни пресметки (Excel) или презентации (PowerPoint). Истите се компатибилни со форматите на MS Office, OpenOffice.Org, LibreOffice, како и други популарни канцелариски пакети. Документите можете да ги отворите и зачувате локално во вашиот компјутер.
    -Во Графика… има две апликации за растерска обработка на слики/фотографии. И двете апликации се доста моќни, но едноставни за употреба. Тука би напомнале дека Pixlr Editor многу потсетува на Adobe Photoshop, а освен што потсетува, покрива и добар дел од можностите.
    Мултимедија… – содржи линкови до сајт за превземање на видеа од Интернет, како и повеќе сајтови за конверзија помеѓу формати (wma, mp3 итн.), како и сајт кој овозможува конверзија на секакви формати (аудио, видео, документи итн.) во било кој од поддржаните формати.
  10. Корисно – е список на повеќе корисни сајтови. Курсна листа, Википедија (бесплатна онлајн енциклопедија), ISSUU (списанија/магазини, а можете да поставите и ваши содржини), Купи карти за сé, телефонски именик, проверка на состојба на кабловски оператори, како и Гугл преведувач кој автоматски се отвора конфигуриран во режим на превод од автоматски препознат јазик, на Македонски.
  11. Игри – омилениот дел од менито на најмладите. Тука има список на сајтови кои нудат… мнооогу онлајн игри кои може да се играат во самиот Интернет пребарувач.

Ова мени никогаш не се смета за комплетирано. Секогаш може да се надградаува, а вие самите можете да придонесете за тоа. Доколку имате идеја да се додаде некој сајт или како би можело да се подобри интерфејсот на Централа, секогаш можете да предложите преку ФБ контакт формата на дното од сајтот.

Следува помошното мени кое се појави во првата верзија на Централа (претходно името на Централа беше – Web Desktop, а ако сакате да прочитате повеќе за историјата на Централа, повелете на овој линк).

Идејата на помошното мени е да ве поврзи кон корисни работи во врска со вашиот компјутер.

  1. Почетна – ве враќа на почетната страна. Истото може да се постигне и со кликнување на логото, лево од помошното мени).
  2. Тестови – Ве поврзува на сајт кој овозможува тестирање на вашата веб камера, микрофон, звучници, како и тест за брзина на Интернет врската. Ова мени е од голема помош за секого.
  3. Софтвер – Засега линкува само кон еден надворешен сајт – Ninite, кој високо го препорачуваме, посебно ако сте неискусни при инсталирање на програми на вашиот компјутер. Ninite овозможува едноставно да чекирате што сакате да инсталирате и ви дава да превземете апликација која по стартувањето автоматски превзема (најнови верзии) и инсталира сé што се избрале. Најпрактичниот дел е што го инсталира само она што сте го избрале, притоа исфрлајќи непотребни додатоци, алатници, кратенки…
    Тука е и Препорачан Софтвер – страна на која препорачуваме различни апликации кои се проверени и ефикасни. Се поставуваат линкови до официјалниот сајт на апликацијата, како и линк за директно превземање. Листата е нова и засега има мал список, но со време истата постојано ќе се надополнува.

Потоа следува централниот дел – централното мени, кое ги нуди добро познатите шест копчиња кои поврзуваат на Facebook, Twitter, YouTube, Yahoo! Mail, Hotmail (Outlook, Live) и Gmail.

Делот за пребарување овозможува да пребарате одреден текст со Гугл. Едноставно, внесете го саканиот текст и притиснете Ентер или кликнете на копчето „Барај“. Се отвора страничка со веќе извршено пребарување на внесениот термин.

*Дали знаевте?! Доколку кликните на логото на Google на Централа, се отвора Google пребарувачот во нова страничка.

Р Е К Л А М И
😉

Веднаш под рекламите, ќе ги видите најновите објави на блогот (како на пример оваа што ја читате). Тука објавуваме совети и трикови за полесно секојдневно користење на компјутерот, а повремено презентираме можности на Централа.

Дел кој е често игнориран е футерот (дното) на сајтот. Футерот е разделен на четири сегменти, од кои најлево е линкот до ФБ страната на Спиркоски, потоа следува список на линкови со инструкции за конфигуритање на Централа како ваша почетна страна. Третиот дел овозможува да напишете порака директно до нашата ФБ страна (потребно е да сте најавени на ФБ) и во четвртиот сегмент (најдесно) се наоѓа временска прогноза за местото од каде што пристапувате на Интернет (ако пристапувате од домашна мрежа, понекогаш во првите неколку дена може да добивате прогноза за погрешна локација, но тоа автоматски се корегира, додека ако пристапувате преку мобилна мрежа, локацијата речиси секогаш ќе биде „Скопје“).

Не заборавајте да го споделите овој практичен сајт вашите пријатели, на социјалните мрежи.

Вашите лајкови и заследувања нѝ се важни!